Општина Кочани е во тек со случувањата поврзани со немилиот настан  од 16 октомври 2019 година во ООУ „Раде Кратовче“, во кој биле загрозени безбедноста и здравјето на наставник од одделенска настава.

Како единица на локалната самоуправа со одредени надлежности во образованието, преку Одделението за јавни дејности ги преземаме сите соодветни мерки.

Во функција на целосно расветлување и постапување по случајот се одржуваат средби на стручни служби од Полициската станица, Центарот за социјални работи, Државниот просветен инспекторат и други институции.

Остро реагираме против насилството во образованието и даваме целосна поддршка на сите надлежни служби во решавање на случајот. Повикуваме ваквите немили настани да не се повторат.

 Кабинет на градоначалникот на Општина Кочани,

Николчо Илијев