Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на Република Македонија бр. 05/2002), а во врска со член 50 став (2) од Законот за јавна, внатрешна финансиска контрола (Сл. весник на Република Македонија бр. 90/09, бр. 188/13 и бр. 125/15) и член 4 став (2) од Законот за заштита на укажувачи („Сл. весник на република Македонија“ бр. 196/15, и 35/18 и „Сл. весник на република Северна Македонија“ бр. 257/20), Градоначалникот на Општина Кочани, го донесе следното решение за овластување лице за прием на пријави од укажувачи и назначување на лице кое ќе известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција.

Административниот службеник Гоце Манев се овластува за лице кое ќе врши прием на пријави од укажувачи во согласност со Законот за заштита на укажувачи.

Воедно истиот административен службеник е определен за лице кое ќе има обврска да известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција во Општинската администрација на Општина Кочани, во согласност со Законот за јавна, внатрешна финансиска контрола.

Гоце Манев

Општина Кочани
Ул. ,,Раде Кратовче“ бр.1 2300 Кочани
тел. 072/275-635

e-mail: gocemanev@kocani.gov.mk; info@kocani.gov.mk