Општина Кочани како учесник во проектот на УНДП „Поддршка за зајакнување на националниот и локалните системи на интегритет” назначи лице за пријавување мито и корупција во општината.
Одговорното лице, кое може да се контактира на телефонскиот број 033/ 270-012 и електронски на prijavikorupcija@kocani.gov.mk, ќе биде стручно обучено за спроведување и мониторинг на рамката на системот за интегритет во Општина Кочани.
На истиот телефонски број и e-mail ќе може да се пријави каков и да е облик на мито и корупција.
Целта на овој проект е да се зајакнат капацитетите на локалната власт за воведување мерки за идентификување, спречување и понатамошна превенција на ризиците од корупција.