Одделението за правни и општи работи, ги врши  работите што се однесуваат на:

  • вршење на работите што се однесуваат на подготовките на нормативни акти (одлуки и други општи акти) од надлежност на Советот односно Градоначалникот на Општината,
  • давање мислење на прописи од аспекти на нивната законитост кога предлагачи се други органи, вршење стручни и организациски работи за Градоначалникот на Општината,
  • грижа за извршување на одлуките од надлежност на Советот,
  • информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права,
  • вршење работи што произлегуваат од работниот однос на вработените во општинската администрација, подготовки за цивилната заштита,
  • вршење работи за односи со јавноста,
  •  канцелариско работење кое опфаќа приемот, отворањето, евиденцијата и испраќањето на актите на органите на општината,
  • секретарски и протоколарни работи,
  • архивското и дактилографско  работење,
  • техничко-административни работи за потребите на Општината, курирски задачи, работи за возниот парк и други помошно технички работи (кафе-готвач и  хигиеничар),
  • вршење и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и други прописи, односно од страна на Градоначалникот и Советот.