СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

Одморалиште на МВР – Пониква

Одморалиштето е од отворен тип за сите граѓани. Располага со терени за кошарка, одбојка, ракомет, пинг-понг, шаховска сала и две сауни. Објектот има 80 легла, сала за семинар и ВИП сала за 30 лица.

Контакти:

071 368 820

071 322 147

mvrponikva@yahoo.com

Мотел „Мице“

Мотелот се наоѓа на 300 м од асфалтниот пат. Располага со 30 легла. Ресторанот е за 90 лица и нуди богато мени.

Контакти:

033 275 951

070 610 894

078 645 596

info@motelmice.com.mk

www.motelmice.com.mk

Мотел „Осоговски конак“

Мотелот е сместен во реставрирана воена касарна, располага со 60 легла во 5 соби, 5 студија и 5 апартмани. Има сала за состаноци за 60 лица и ресторан за 180 лица.

Контакти:

033 800 400

078 567 123

070 354 561

politehnakompani@gmail.com

www.osogovskikonak.com.mk

Мотел „Осоговски бисер“

Мотелот е сместен во реновирана и адаптирана стара воена зграда, со 40 легла. Има сала за состаноци и ресторан за 100 лица. Летната бавча е за 160 лица.

Контакти:

070 354 561

078 567 123

072 315 535

info@osogovski biser.com.mk

www.osogovskibiser.com.mk

Мотел „Етно караула“

Мотелот е со капацитет од 56 легла во 4 трикреветни соби и 12 апартмани. Има ресторан со 84 места, ВИП винарија за 16 лица и летна тераса за 80 лица.

Контакт:

078 359 120

Igorkocani2012@yahoo.com

Вила-ресторан „Осоговска куќа“

Се наоѓа на 12 км од Кочани и 8 км од Пониква, сместена во густа шума, со капацитет од 18 легла. Вилата има ресторан за 50 лица и летна бавча за 80 лица.

Контакти:

072 315 535

vilaosogovskakukja@gmail.com

Вила Алек

Се наоѓа на 15 км од центарот на Кочани и на 7 км до Пониква, на надморска височина од 1 300 м. Располага со три спални соби, две дневни соби и сопствено парно греење. Има идеален простор за пријатен престој и уживање во природата.

Контакти:

076 490 640

spiro.georgiev@triglav.mk

Вила Тренчеви

Се наоѓа на 15 км од центарот на Кочани и на 7 км од Пониква, на надморска височина од 1 300 м. Има капацитет за сместување до 10 лица во три спални соби, дневна, кујна и бања. Идиличен планински амбиент, со комплетни услови за престој на различни генерации.

Контакти:

078 426 077

078 233 983

ana_trenceva@yahoo.com

Вила Романов

Се наоѓа на 70 м, лево од споменикот на Вера Которка, со прекрасен поглед на Пониква. Викендичката располага со 4 спални соби, кујна, дневен престој и бања.

Контакти:

078 230 929

ateks_ekstra@yahoo.com