Секторот за правни, јавни дејности и општи работи, ги врши  работите што се однесуваат на:

– следење на законите  и другите прописи  од областа на локална самоуправа,     грижа за нивна примена во Општината и изготвување мислење по истите;

– изготвување општи и поединечни акти од надлежност на Советот на  Општината  и Градоначалникот  од  надлежната област  согласно закон;

– прием и заверка во деловните книги, располагање со документите на Општината и

чување сè до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив   на Република Македонија;

– преземање активности во вршењето на дејностите од јавен интерес (културата, образованието, спортот, здравствената, социјалната и детската заштита);

– преземање активности за основање и за учество во управувањето  на основните  училишта и јавните установи за деца (детските  градинки);

– стручна помош во подготвувањето и реализирањето на седниците на  Советот и работните тела на Советот;

– насоки за изготвување записници и потсетници за седниците на  Советот и работните тела на Советот;

– учество во изготвувањето заклучоци, мислења, извештаи и други  видови материјали за Советот и работните тела на Советот;

– учество во обликувањето и подготвување на актите на Советот за   прогласување и објавување;

– учество во спроведување на оригиналните акти што произлегуваат од   седниците на Советот;

– вршење и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно   законите и другите прописи;