Од петти до тринаесетти декември во Палермо, Република Италија се одржа тренинг-курсот „Еирене – европското интеркултурно образование кон нова ера на разбирање“, финансиран од Европската комисија преку програмата „Еразмус плус“.

Главните цели на проектот се зајакнување на капацитетот на младите работници, младинските лидери, младите советници и проект-менаџерите коишто работат во областа на партиципативното однесување и со клучните компетенции на младите, истражувајќи ги интеркултуралните релации и новите социо-политички перспективи.

Исто така проектот го промовира интеркултурниот дијалог преку неформалното образование во корист на благосостојбата на младите, мобилноста и кариерната перспектива. Една од главните цели на проектот е да се промовира култура на ненасилство и конструктивно решавање на конфликти и да се стимулира младинската работа во ЕУ и Балканот, преку градење капацитетити во областа на медијацијата и комуникацијата.

На тренинг-курсот учествуваа 37 лица од 17 земји. Претставници од Општина Кочани беа Дијана Апостолова и Благоја Николов.