Одделенските наставници од основните училишта „Раде Кратовче“ од Кочани и „СветиКлимент Охридски“ од Пазарџик, Република Бугарија учествуваа во петдневна обукаорганизирана како дел од проектот „Растеме со екоресурси“ финансиран од Европскатакомисија преку Еразмус плус програмата, која се одржа во ОУ „Раде Кратовче“.- Обуката е наменета за да се развијат прирачници коишто ќе ги користат понатаму вонивните наставни содржини и програми. Целта на обуката е да се обучат за користењена веб 2 алатките, тоа се отворени образовни алатки што ги има на интернет и себесплатни и достапни секому. Преку овие иновативни наставни методи наставницитеда можат да ги инкорпорираат содржините што се од областа на обновливи извори наенергија, енергетска ефикасност, заштита на животната средина. Значи, генералнатацел на проектот е да се јакне свеста за овие обновливи извори и енергетска ефикасносткај учениците и да се искористат овие иновативни наставни методи, рече МаријаЃорѓиева од здружението Локална акциона група – Кочани.Според наставниците обуката е корисна во изведувањето на наставната програма.По обуката за одделенските, ќе следува обука и за предметните наставници поматематика, физика, биологија и хемија што ќе се реализира во училиштето воПазарџик. Во тек е изработка на стратегија за вмрежување во рамки на образованието на дветеопштини – партнери во проектот.Во проектот „Растеме заедно со екоресурси“ се вклучени и невладините организации„Локална акциона група“ од Кочани и „Здружение за економски развој“ од Пазарџиккои треба да дадат експертизи во областа на обновливите извори на енергија и вообласта на едукативниот дел.