Директорот на Управата за имотно-правни работи направи редовна контрола на ефикасноста во работењето на Одделението за имотно правни односи во Кочани.

Според Крстаноски, Одделението за имотно-правни работи во Кочани има преземено постапување по предмети од други одделенија, со многу поголем обем на работа. Од вкупниот број, на решавање чекаат уште околу 3 илјади предмети. Директорот апелираше до сите што имаат поднесено барање за приватизација навремено да ги доставуваат доказите што ги бара Управата, за да може во најскоро време и да се донесе решение за приватизација.

Крстаноски информираше за започнатата акцијата „Притисни црвено копче доколку имаш имотно-правен проблем“,чија цел е да се решат предметите што подолг период се без завршница и стојат по фиоките на одделенијата на Управата.

Директорот на Управата за имотно-правни односи оствари средба и со секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов.

– Посетата на директорот ја искористивме за консултации како полесно да ги надминеме проблемите што се јавуваат при реализацијата на проектите што ги презема Општината, посебно околу постапките за експропријација и одземање на корисничките права при реализација на урбанистичките планови, изјави Апостолов.