Во акцијата за расчитување на отпадот што ја спроведоа административните службеници од Кочани, на неколку локации беше собиран сметот и дистрибуиран на Градската депонија.

Општинската администрација ја расчистуваше непосредната околина на Фабриката за вода.

– Пред неколку дена овој простор повторно изгледаше застрашувачки, беше затрупан со ѓубре, шут, пластика. Очигледно, тој е на удар на несовесните сограѓани, но ние се обидуваме да се спротивставиме на нивните лоши и штетни навики. Со механизацијата на КЈП „Водовод“ создадовме услови за  досредување и собирање на останатиот отпад.  Долж патот, на околу 400 м поставивме ограда, за да го оневозможиме натамошното исфрлање на ѓубрето на овој потег. Акцијата за чистење што ја спроведовме со општинската администрација ја проширивме со  акција за пошумување на 1 500 нови садници.  На овој начин уште еднаш испраќаме порака за совесно однесување кон животната средина – соопшти за медиумите градоначалникот Николчо Илијев.

Со неколкуте акции за пошумување спроведени во изминатиов месец и половина,  Општина Кочани овозможи засадување на околу четири илјади садници на различни локалитети во Кочанско.

Акции за чистење на отпадот  се спроведоа и кај Спомен-домот „АСНОМ“, Споменикот на слободата и во близина на Градската депонија.