ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2 (ReLOaD 2)
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.
Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.
Општина Кочани и проектот ReLOaD 2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кочани и со кои се опфатени следните приоритетни области:
- Заштита на животна средина
1.1 Развој и поддршка на проекти со еколошки активизам за превенција од загадување на воздухот, дивите депонии, сливовите на речните корита и превенција и заштита од пожари;
1.2. Промоција за зачувување на биодиверзитетот – природни реткости и богатства во заштитени подрачја;
1.3 Поддршка на проекти и едукација од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија и поддршка на иновативни проектни активности за заштита на загадување преку примена на еколошки мерки.
- Туризам
2.1 Развој и промоција на туристичките потенцијали на територија на општина Кочани;
2.2 Развој на рурален и алтернативен туризам преку искористување и промоција на културно-историско наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда во општина Кочани.
- Социјална инклузија
3.1 Вклучување на децата во образовниот процес, младите лица и лица со посебни потреби во спортско-општествената сфера на животот, со цел зајакнување на спортскиот дух како значаен аспект во развојот на здрав начин на живот;
3.2 Подобрување на квалитетот на живот на лицата со потешкотии во развојот;
3.3 Поддршка на проекти за зголемување на вештини со цел зголемена вработливост на лицата со попреченост.
- Младински иницијативи
- Поддршка на проекти и активности за подобрување на вештините и способностите на младите невработени лица за нивно вработување и самовработување во зависност од потребите на пазарот;
- Поддршка на проекти и активности за поголема вклученост на младите во општината преку младинскиот активизам и волонтеризам, нивна социјализација и вклученост во проекти од културата;
- Поттикнување на здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски активности;
- Превенција од насилство во семејството, врсничко насилство (булинг) заштита на физичкото и менталното здравје.
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024).
Општина Кочани и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.
ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).
ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Јавниот повик ќе трае од 21.02.2022 (од 9:00 часот) до 21.03.2022 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Кочани може да се обезбеди преку испраќање на барање, во кое е наведено името на заинтересираната организација, на следната адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1 Поштенски број: 2300, Кочани и/или на е-меил: vlado_filipov@kocani.gov.mk, или лично во општина Кочани. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kocani.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).
Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Кочани на ден 23.02.2022 година, со почеток во 10:00ч во Мултикултурниот Центар. Првите два дена од обуката ќе се одржат на 23.02. и 24.02.2022 во Мултикултурниот Центар во Кочани.
Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 14.03.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.
ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:
Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:
Општина Кочани
ул. „Раде Кратовче“ бр.1
Поштенски број: 2300, Кочани
Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kocani.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.
Анекс 4 – План на активности и видливост
Анекс 5 – Формулар со административни податоци
Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци
Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање
Анекс 10 – Насоки за подносители