Реконструкцијата на Градскиот Парк е во континуитет. Имено, викендов профункционира новото јавно осветлување во паркот, кое е дел од новото руво на паркот.

Реконструкцијата се одвива со забрзано темпо и е во завршни фази. По целосното завршување на реконструкцијата на Градскиот Парк, ќе се реконструира и детскиот парк кај летната сцена, за којшто проект во тек е постапката за избор на изведувач.