Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
По 28 објава за отуѓување градежно земјиште – Општина Кочани продаде четири градежни парцели
Општина Кочани, по пат на електронско јавно наддавање, продаде вкупно четири градежни парцели од 28. објава за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Од нив, една градежна парцела е со намена за индивидуално домување, со површина од 420 м2, на улицата „13 Македонска бригада“; две градежни парцели се за лесна индустрија и мало стопанство, со површини од 1557 м2, односно 1587 м2 во месноста Драчевик и една градежна парцела, со површина од 950 м2 на локалитетот Пониква.

По оваа продажба се очекува на сметката на Општината да стигнат околу 256 илјади денари што е 80 % од вкупната уплата на најповолните понудувачи на електронското јавно наддавање. Останатиот дел од средствата оди во Буџетот на Република Македонија.

На 28. објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, што ја распиша Општина Кочани на 15 ноември минатата година, беа понудени вкупно осум градежни парцели, од кои три за индивидуално домување, три за лесна индустрија и мало стопанство и две за изградба на викендички.

Наскоро Општина Кочани ќе ја распише и 29. објава за отуѓување градежно земјиште.
Untitled Document
Локалитети