Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Стеван Богданов – победник на општинскиот натпревар „Млади библиотекари“
Стеван Богданов, ученик во деветто одделение во ОУ „Никола Карев“ е победник на 16 општински натпревар „Млади библиотекари“ што се одржа во организација на Библиотеката „Искра“ во Кочани.

На натпреварот на кој учествуваа 12 ученици од основните училишта во Кочани, второто место го освои деветтоодделенецот Дарио Иванов, а третото ѝ припадна на осмоодделнката Милена Глигорова, двајцата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Учениците одговараа на 20 прашања поврзани со библиотекарството. Најдобрите истакнаа дека учеството на овој натпревар ги проширило нивните скромни знаења за оваа дејност и дека ја продлабочило нивната љубов кон книгата.

Директорката на Библиотеката „Искра“, Сузана Горгиева соопшти дека натпреварот поминал во најдобар ред, а на победникот од општинскиот натпревар му посака успех на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 30 октомври во Кочани.

Untitled Document
Локалитети