Танго-концертот на камерниот состав со карактеристичен звук и тонска боја, „Виварт“, вечерва (5 јули 2019 г.) ќе ја отвори манифестацијата „Петровденски конаци“.

Камерниот ансамбл е составен од Александра Коцевска – мецосопран, Билјана Петровска – пијано, Милена Тодороска Мургоски – виолина и Зоран Павловски – контрабас. Составот ја промовира концертната дејност правејќи комбинација на класичната школа и популарната музика.

На концертот во Кочани, членовите на „Виварт“ ќе настапат со дела на Карузо, Освалдо, Сантос, Мартини и др.

Пред танго-концертот, на Летна сцена – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.  

„Петровденските конаци“ ќе започнат во 20:45 ч.