По повод двата празника, 7 Септември – Празникот на Општина Кочани и 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ и делегација од Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз оддадоа почит на жртвите за слобода на Македонија.

Делегациите положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во Паркот на Револуцијата.

Од името на Сојузот на борците од НОВ, честитки за Денот на ослободувањето на Кочани и за Денот на независноста на Република Македонија упати претседателот на кочанското боречко здружение, Блаже Димитров, истакнувајќи го придонесот на кочанските борци во народноослободителното движење за слободна Македонија.