Во знак на почит кон првоборците од Народноослободителната војна, Љупчо Сантов и Раде Кратовче, на денот на нивното загинување, кој е патронен празник на двете кочански училишта што ги носат нивните имиња, денеска на нивните бисти беше положено свежо цвеќе.

Делегациите од Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“, во отсуство на другите редовни содржини решија на овој начин да му дадат белег на празникот и на патроните Сантов и Кратовче.

При положувањето цвеќе беше почитувана социјалната дистанца и мерките за претпазливост од ширење на заразниот вирус.