Членови на екоодборите од основните и средните училишта од Кочани, во соработка со Еко-пак хит, а во организација на Општина Кочани, в понеделник на 4 мај ќе реализираат екоакција на релацијата Кочани – Брана Гратче.

Целта на акцијата во која ќе учествуваат педесетина ученици и наставници е на една од најфреквентните излетнички релации во Кочанско да се исчистат отпадоците што ги оставаат излетниците по првомајскиот викенд.

Акцијата ќе трае од 8-10 часот, а пораката која учесниците ја испраќаат со неа е: Не оставајте отпадоци по вас!