На 26 и 27 јуни  (среда и четврток), на подрачјето на Кочани ќе се спроведе втората фаза од превентивното  терестичко (од земја) дезинсекциско третирање за заштита од комарци.

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи ларвицидното средство метопрен и препратот аква к-отрин, со активната супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.