Благодарение на сончевото време продолжува асфалтирањето на улиците со заемот од Светска банка.
– Денеска се асфалтира улицата „Февруарски поход“ во населбата Бејрут, чија должина е 460 м, а широчина 6 м. Доколку дозволат временските услови и ако се продолжи со овој интензитет, очекуваме изведувачот „Еуроинг“ да ги заврши оперативните работи на сите улици до крајот на март идната година – соопшти градоначалникот Ратко Димитровски.
Градоначалникот нагласи дека се асфалтираат нови улици каде претходно се поставуваат атмосферски и фекални одводи и се градат потпорни ѕидови.