Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, во саботата, на 30 септември се одржа големо празнично дефиле.
На дефилето по улиците низ централното градско подрачје учествуваа и својата дејност ја претставија јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и гости на манифестацијата.
Улицата „Маршал Тито“ и Градскиот парк, до каде што дефилираа групите, беа преполни со претставници на спортски, културни, музички, фолклорни групи…
Многубројната публика ги поздравуваше со аплауз учесниците на дефилето, кои пренесуваа најразлични празнични и пораки во чест на оризот.