Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, на 30 септември, во Градскиот парк во Кочани се одржа фолклорниот концерт на кој настапија гости на манифестацијата, состави од пет држави: Црна Гора, Србија, Словенија, Бугарија и Унгарија.

Публиката имаше можност да ужива во традиционалните игри и звуци презентирани од ФА „Бијела“ од Бијела – Црна Гора, КУД „Чарапанка“ од Крушевац – Србија, МКД „Илинден“ од Јесенице – Словенија, АФА „Оро“ од Ниш – Србија; АНПТ „Граовска младост“ од Перник –  Бугарија; „Зенеи Школа“ од Сигетсентмиклош – Унгарија, како и во настапите на домаќинските ансамбли: ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари, ФА „Мугри“ и КУД „Руен“ од Кочани.

Концертот во чест на кочанското бело злато ја јакне соработката на културен план меѓу збратимените и општините пријатели на Кочани.