В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани, ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница.
На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои.
Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км.
Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и со музичко-забавни содржини во Паркот на Револуцијата.
Ротари клубот Кочани-Виница ги повикува сите љубители на трките да земат учество во натпреварот, а граѓаните на Кочани масовно да им дадат поддршка на тркачите по кочанските улици.