Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор.

„Св. Кирил и Методиј“ е најголемото основно општинско училиште во кое оваа учебна година учат вкупно 965 ученици, од кои 130 се првачиња.

Училиштето го носи името на сесловенските просветители 44 години.

Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“.