Со свечена академија, ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Кочани ја заокружи прославата на патрониот празник.
На свеченоста беа доделени награди на учениците Давид Димитров и Владимир Грчев, за постигнати значајни резултати на државни и на меѓународни натпревари по математика и информатички науки. Од генерацијата што го завршува основното образование, пофалници за успесите во текот на школувањето добија ученичките Матеја Тасова и Јована Давиткова.
За ученик на генерацијата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ е прогласен Павел Монев.