Почитувани,
Од мое лично име и од име на Општина Кочани, на сите припадници на влашката заедница им го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за благосостојба, просперитет и успех во негувањето на влашката култура и традиција.
Придонесот на Власите во севкупниот општествен живот е значаен, за што изразувам искрена благодарност и почит.
Да продолжиме и понатаму заеднички да создаваме иднина темелена на заемна почит и доверба, сплотени во различностите, но единствени во остварување на заедничките цели.
Нека е честит Денот на Власите!
![Gradonachalnik.Lj.P.](https://kocani.gov.mk/wp-content/uploads/2023/05/Gradonachalnik.Lj_.P..jpg)