Од мое лично име и од името на Општина Кочани до сите верници од исламската вероисповед упатувам искрени честитки по повод верскиот празник Курбан Бајрам.
Курбан Бајрам ја слави подготвеноста за жртвување и покорноста кон Бога.
Овој празник нѐ потсетува дека само помагајќи си едни на други ќе го јакнеме соживотот. Празникот нека биде мотив да живееме во меѓучовечко разбирање, почитување и хармонија и заеднички да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани.
Испраќајќи Ви најискрени честитки, посакувам празничните денови да бидат исполнети со љубов, радост и духовен мир.
Ратко Димитровски,
градоначалник на Општина Кочани