В сабота, со почеток во 19 ч. во изложбените салони на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде поставена изложба на слики изработени на Ликовната колонија „Свети Пантелејмон“, периодот од 2012-2015 година.

Колонијата започна да се организира во 2012 година, кога Кочани беше Град на културата, а се реализира веќе четири години на различни локации во Кочанско, пред сѐ со млади таленти, ученици од сите краеви на нашата држава и со учесници од странство.

Според Александра Димитрова, ментор на колонијата, изложените дела ќе покажат дека Кочани е место богато со мотиви за уметничко творештво, кои се овековечуваат на платната на уметниците.