Вчера, 21.02.2022 на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше промовирана книгата „Запис на кочанската народна песна“ од м-р Љупка Стојменова. Промотор на книгата беше проф. д-р Јованка Денкова, професор на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, а промоцијата беше одржана во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани.
Книгата ги содржи народните песни кои се пееле и се пеат во Кочани и Кочанско, класифицирани на лирски, борбени и лирско-епски песни. Промоторот на книгата, проф. д-р Јованка Денкова пред кочанската публика даде богат осврт на делото, а присутните на промоцијата беа во можност да уживаат и слушнат изворни народни песни од нашиот крај, во исполнување на Оркестарот за изворни песни и ора при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.
Издавањето на книгата е поддржано од Општина Кочани преку Програмата за култура за 2021 година.