Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 7. седница на Советот на Општина Кочани за 25.02.2022 година, (петок), со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочанисо следниот предлог за

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишни установи  и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2021 година
  2. Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја на територијата во надлежност на АД Водостопанство на РСМ – Скопје, Подружница Брегалница – Кочани, за 2022
  3. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
  4. Извештај за реализација на Програмата за работа на Сојуз на училишни спортови во 2021 година
  5. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година и Програма за работа за 2022 година
  6. План за изменувње на Планот за вработување на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ – Кочани за 2022 година
  7. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за период од 01.01. 2022 година до 31.12.2022 година
  8. Предлог-одлука за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од трошоците за печки на пелети и за инвертер-клими
  9. Предлог-одлука за одобрување на субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани во трошоците за велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање
  10. Предлог-план за изменување и дополнување на Планот за јавни набавки на општина Кочани за 2022 година
  11. Предлог-одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација со намена А1-домување во куќи, за ГП А64.3 и ГП А64.4 (дел од КП 12138 и дел од КП 16830, КО Кочани) од измена и дополнување на ДУП на град Кочани, Општина Кочани
  12. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.137/2 КО Костин Дол, КП бр.1490 КО Полаки и КП бр.469 КО Пашаџиково
  13. Предлог-листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
  14. Предлог-решение за утврдување предлог за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани
  15. Решение за запирање на објавувањето на: Заклучок за усвојување на Планот за работа-активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година, Бр.09-390/1, од 04.02.2022 година и Заклучок за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани бр.02-466/5 од 20.12.2021 година, за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода, Бр.09-391/1, од 04.02.2022 година
  16. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  17. 17. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода