Денеска во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани беше одржан настан „Учи паметно, работи стручно“ од страна на Министерството за образование и наука, со цел подобрување на средното стручно образование и креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, со што се зголемува можноста за вработување на младите на локално ниво.

Присутни на настанот беа државниот секретар на Министерството за образование и наука Анета Трпевска, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, градоначаникот на Општина Виница Миле Петков, претставници од Платформата за јавен приватен дијалог и Центарот за стручно образование и обука, директори на средни училишта, како и претставници од бизнис секторот од Кочани и Виница.

На настанот присутните преку дискусија дадоа предлози и мислења за унапредување на системот на образование, како и сугестии за нови наставни профили и струки во средните стручни училишта, во којшто процес е потребно партнерство помеѓу средните училишта во општината и локалните компании.