Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање   (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Кочани  го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира  Јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период 2021-2031 предлог план со Технички број 0801-521/21 од Март 2022, со површина 2,27 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период 2021-2031 го опфаќа Блок 17. Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:

– на север-северозапад границата започнува од точка 27 и се движи во источен правец по границата на Блок 17, односно по оска на станбена улица – ул.„Борис Ефтимов“ (планиран профил на сервисна улица по Урбанистички план за село Тркање, КО Тркање, Општина Кочани 2017-2027), се до најсеверната точка 26;

– на исток границата започнува од точка 26 и се движи во југоисточен правец по оска на станбена улица – ул.„Борис Димитров“ (планиран профил на сервисна улица по Урбанистички план за село Тркање, КО Тркање, Општина Кочани 2017-2027);

– на југ границата започнува од точка 16 и се движи во северозападен правец по оска на станбена улица – ул.„Борис Ефтимов“ (планиран профил на сервисна улица по Урбанистички план за село Тркање, КО Тркање, Општина Кочани 2017-2027), се до најјужната точка 1;

– на запад границата започнува од најјужната точка 1 и се движи во северозападен правец по оска на индустриска улица – ул.„Борис Ефтимов“ (планиран профил на сервисна улица по Урбанистички план за село Тркање, КО Тркање, Општина Кочани 2017-2027), се до најзападната точка 27.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани плански период 2021-2031 предлог план, ќе се одржи на ден 21.04.2022г. со почеток во  1100 часот во ОУ”Никола Карев” с.Тркање.

ЈАВНА  АНКЕТА  по

Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани предлог план ќе трае 30 дена , а  ќе се спроведе  во периодот од 21.04.2022 год.  до 20.05.2022год. во кој рок заинтересираните физички  и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма,  кои можат да ги подигнат  во архивата во општинската зграда,  од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на  анкетните листови  да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог од урбанистичкиот план ќе биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со   урбанистичкиот план  ќе  можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1 кат во општинската зграда.

Соопштение за јавна презентација.

Анкетен лист за јавна презентација.

Синтезен план.