Со денешниот потпишан меморандум за соработка меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, од страна на УТМС беа овозможени 15 стипендии за додипломски студии наменети за идни студенти, жители на Општина Кочани.

Потпишаниот меморандум за соработка меѓу УТМС и Општина Кочани, освен доделените стипендии за 15 идни студенти, вклучува и унапредување и подигање на квалитетот на образованието, како и организирање едукативни, истражувачки и професионални активности и проекти во области од заеднички и општ интерес.