Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Кочани  го издава следното  

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира  Јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в.Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, плански период 2022-2027, предлог план со Технички број 0801-116/22 од Јули 2022, со површина 28,04 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.

Просторот опфатен со Урбанистичкиот план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в.Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, со својата местоположба припаѓа на катастарска општина Тркање и катастарска општина Бели, на територијата на Општина Кочани.

Границата на планскиот опфат се движи: од прекршочна точка 1 КП 19/1 КО Тркање во правец кон исток до прекршочна точка 136, врти према север низ КП 2698 КО Бели, ги сече КП 2545, КП 2536, КП 2534, КП 2532, КП 2520, КП 2521, КП 3227, КП 2743, КП 2742, КП 2741, КП 3226, КП 2744 до КП 3513, се движи по КП 3513 КО Бели , се движи по КП 3517 до прекршочна точка 716 и врти према исток сечејки ја КП 3517 КО Бели, се движи по граница на КП 3522/2 до пресечна точка 721, врти кон југ и се движи во правец кон југ низ КП 3521, КП 3520/1, КП 3518/1, КП 2502, КП 2503, КП 2504, КП 2506, КП 2507, КП 2518, КП 2517, КП 2519, КП 3227, КП 2549, КП 2551, КП 2552, КП 2553, КП 2555, КП 2548, КП 2545, КП 2698, КП 2547 и КП 2698 КО Бели,продолжува во КО Тркање низ КП 19/1, свртува кон запад до прекршочна точка 1397, и се движи во правец кон југ до пректшочна точка 1398, врти кон запад и се движи по северната граница на УПВНМ за изградба на фотоволтаични централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање Oпштина Кочани, се до прекршочна точка 1479, врти кон север до прекршочна точка 1484 и врти кон запад по КП 412 , продолжува низ КП 412, КП 411, КП 405, КП 3474/1, КП 367, КП 369, КП 389, КП 388 и КП 387 до спојот со пристапен пат до градежни парцели за изградба на фотоволтаични централи, свртува во правец запад низ КП 387, продолжува по граница на КП 385 до прекршочна точка 1759, свртува према север-исток низ КП 385, КП 382, КП 380, КП 379, КП 378, КП 370, КП 367, КП 3474/1, КП 19/1, КП 405, КП 409, КП 410, свртува во правец северозапад по граница на КП 410 се до КП 409, КО Тркање, и свртува кон север сечејќи ја КП 19/1 КО Тркање, се до почетната точка 1.      

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в.Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, плански период 2022-2027  предлог план, ќе се одржи на ден 22.08.2022г. со почеток во  1100 часот во салата на советот на Општина Кочани.

 

ЈАВНА  АНКЕТА  по

 

Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в.Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, предлог план ќе трае 30 дена , а  ќе се спроведе  во периодот од 16.08.2022 год.  до 15.09.2022 год. во кој рок заинтересираните физички  и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови, во писмена форма,  кои можат да ги подигнат  во архивата во општинската зграда,  од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на  анкетните листови  да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог од урбанистичкиот план ќе биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со   урбанистичкиот план  ќе  можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1 кат во општинската зграда.

Линк до соопштение.

Линк до синтезен план.

Лист до анкетен лист.