Почнувајќи од денеска, па се до вторник ќе се врши замена на старите дотраени сливни решетки на атмосферска канализација на улицата „Страшо Ербапче“ и дел од улицата „Димитар Влахов“.

Ќе бидат заменети вкупно четири сливни решетки, изработени од моноблок полимер бетон, лиени, со цврста конструкција, со што нема можност за надворешни оштетувања од возилата.  

Во тек се и градежните активности на новиот кружен тек на улица „Димитар Влахов“ кај Вел-Јан, а деновиве се доуредува и Градскиот Парк, се прередува коцката на мостот на ниво со целата поплочена површина во паркот.

Истовремено се замолуваат медиумите пред објавување на секоја информација, истата да биде проверена за да не би дошло до дезинформирање на јавноста.