Во согласност со членот 8 од Одлуката за наградите на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 9/2010, 6/2018 и 5/2019), Одборот за доделување на награди на општината Кочани
Ј А В Е Н П О В И К
за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и Награда за животно дело
- Општината Кочани доделува Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.
– Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
– Наградата е во форма на плакета.
- Општината Кочани доделува и Награда на Општина Кочани за животно дело.
– Наградата за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.
III. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1.
Предлозите треба да бидат образложени.
1. Јавниот повик трае од 01.08.2023 година до 25.08.2023 година.
Бр. 30-1470/1 Претседател
01.08.2023 година на Одбор за доделување награди
Кочани на Општина Кочани,
Кристина Атанасова Арсова