Со цел да дадат придонес во одржувањето на зеленилото и на јавната чистота во Кочани, викендов во раните утрински часови, членови на Доброволното противпожарно друштво – Кочани реализираа активности за наводнување на дрворедите и миење на јавните површини.

Доброволците ги миеја улиците во централното градско подрачје и ги наводнуваа дрвјата на улиците „Тодосија Паунов“, „Стево Теодосиевски“, „Роза Петрова“, „Димитар Влахов“, „Охридска“, „Страшо Ербапче“, „Гоце Делчев“ и на други локации со посебен акцент на младите насади во градот.

Активностите се реализираа со две возила и седум доброволци.