Советот на Општина Кочани го донесе Буџетот за 2016 година. Вкупниот буџет со кој ќе располага Општина Кочани идната година ќе изнесува 524.375.400 денари, а основниот е 217.057.000 денари. Се очекуват вкупни приходи од 496.785.400 илјади денари, а вкупни расходи од 520.045.400 денари. Според раководителката на Секторот за финансиски прашања, Ирина Хаџиева, Општина Кочани има развоен буџет за 2016 година.
На последната седница во оваа каленадарска година, градоначалникот Ратко Димитровски имаше годишно обраќање пред Советот, во кое ги истакна најзначајните проекти и постигнувања во 2015 година. Покрај за инфраструктурните проекти, како што се асфалтирањето на улиците со заемот од Светска банка, одвојувањето на атмосферската од фекалната канализација, новото улично осветлување, Димитровски зборуваше и за социјалната поддршка, резултатите во образованието, културата и спортот.
На 40 седница, Советот донесе одлука за отпочнување со работа на објектот „Кокичиња“ во с. Оризари, кој ќе функционира во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“.