Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го посети Подрачното основно училиште „Никола Карев“ во селото Тркање.

– Задоволство ми е што можам претпразнично да се дружам со учениците од Тркање и да им подарам новогодишни пакетчиња, од името на Општина Кочани и на кочанскиот бизнис-сектор со чија поддршка ги подаруваме, рече пред присутните Димитровски.

Градоначалникот ја проследи новогодишната приредба во училиштето и на сите присутни им посака многу здравје и успех, љубов и радост во Новата година.

За родителите и возрасните, училиштето го подготви и традиционалниот училиштен „Пазар на можности“, на кој беа понудени интересни изработки и храна, сè во духот на претстојните празници.

Годинава Општината обезбеди околу 2 400 пакетчиња за основците до петто одделение и за дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“.