Од 16 октомври 2016 година, Општина Кочани ќе организира бесплатен основен курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.

Курсот ќе можат да го посетуваат дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците.

Предавањата ќе се одржуваат во современа просторија опремена со модерна технологија, низ практична работа на индивидуален компјутер со користење софтвер за финансово и материјално сметководство. За утврдување на стекнатите знаења од секоја целина одделно ќе се изработуваат проекти, тестови и задачи.

Во текот на обуката учесниците добиваат бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство.

Обуката ќе трае 24 часа, двапати неделно по еден час.

Бројот на учесниците е ограничен, а запишувањето ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“.

Предавач ќе биде Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметкводител од Министерството за финансии.

Пријавувањето е на Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани, најдоцна до 12 октомври 2016 година.