Сектор за правни, јавни дејности и општи работи:

Одделение за правни и општи работи

  1. Издавање на потврда за преименувани улици во Општина Кочани;
  2. Издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници;
  3. Издавање на Лиценца и извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај;
  4. Издавање на дозвола за вршење на посебен општински линиски превоз на патници;
  5. Издавање на Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај;
  6. Издавање на извод од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници;
  7. Издавање на замена на извод од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници;
  8. Откажување на лиценца/ извод од лиценца за вршење на такси превоз;

Одделение за јавни дејности

  1. Доделување на парична награда на најуспешен земјоделец – производител на ориз во ошпштина Кочани во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“;
  2. Доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители  на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор;
  3. Доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители  на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани;
  4. Доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани;
  5. Доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани;
  6. Доделување на еднократна помош во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства жители на општина Кочани;

 

Сектор за финансии:

Одделение за даноци, такси и надоместоци

  1. Враќање на погрешно уплатени средства
  2. Издавање на Решение за утврден данок на имот
  3. Издавање на Решение за утврден данок на промет на недвижност
  4. Издавање на Решение за комунална такса
  5. Издавање на Уверение за платени даноци,други јавни давачки и административни такси
  6. Издавање на решение за данок на наследство и подарок
  7. Стапки на даноци на имот