ВИД  НА УСЛУГАТА Доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

1.       Пријава од студентот согласно распишаниот конкурс,

2.       Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветната студиска година,

3.       Уверение со број на положени испити во претходните години;

4.       Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
– За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за последниот месец сметано до поднесување на пријавите или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата заверена од работодавачот);
-за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија – чек;

– За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

–  За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;

– За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

– За невработените членови на семејството на студентот Потврда од Агенцијата  за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок;

–  За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.

– Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

5.       Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија,

6.       Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците одговарат на прикажаната состојба,

7.       Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри),

8.        За починат родител – Извод од матичната книга на умрените од Управата за водење на матични книги;

9.       Фотокопија од лична карта на студентот.

10.   Пријава од студентот согласно распишаниот конкурс,

11.   Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветната студиска година,

12.   Уверение со број на положени испити во претходните години;

13.   Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
– За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за последниот месец сметано до поднесување на пријавите или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата заверена од работодавачот);
-за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија – чек;

– За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

–  За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;

– За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

– За невработените членови на семејството на студентот Потврда од Агенцијата  за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок;

–  За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.

– Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

14.   Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија,

15.   Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците одговарат на прикажаната состојба,

16.   Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри),

17.    За починат родител – Извод од матичната книга на умрените од Управата за водење на матични книги;

18.   Фотокопија од лична карта на студентот.

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА Согласно чл.18 ст.1 т.34 од Законот за административните такси не се плаќа такса за списи и дејства со кои се регулира односот меѓу примателот и давателот на стипендија, односно кредит за школување, од денот кога односното лице се здобило со својство на стипендист, односно од денот кога му е одобрен кредит.
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА Одделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Стипендиите се доделуваат врз основа на распишан Конкурс.

Конкурсот го распишува Градоначалникот на општина Кочани.

Конкурсот трае 15 дена.

Конкурсот се објавува на огласната табла на Општина Кочани, во локалните медиуми и на ВЕБ страната на Општина Кочани.

Конкурсот се распишува во месец Октомври.

ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТ

Доставените пријави по Конкурсот за доделување на стипендии, ги разгледува Комисија која ја формира Градоначалникот на Општина Кочани, од редот на вработените во општинската администрација.

Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг листа и му ја доставува на Градоначалникот на разгледување и одлучување.

Градоначалникот врз основа на доставената ранг листа донесува Одлука за доделување на стипендии на студенти од општината Кочани.

За донесената одлука од Градоначалникот на Општина Кочани со која доделува стипендии на студенти од општината Кочани писмено се известуваат сите кандидати кои имаат поднесено пријава за доделување на стипендија.

 РОК НА ПРИГОВОР Против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на одлуката.

 

ЗАКОНСКИ ОСНОВ

Закон за локалната самоуправа.

Правилник за доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани бр.09-2252/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017 .

Правилник за изменување и дополнување на Правилник за доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани бр.09-276/1 од 24.01.2018 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.1/2018)

ЗАБЕЛЕШКА

Општина Кочани доделува најмногу 30 (триесет) стипендии на годишно ниво на студенти, жители на општина Кочани, од кои едната стипендија е за студент од Ромската етничка заедница. Од вкупниот број на стипендии што ќе ги додели Градоначалникот на Општина Кочани да се доделат 5 (пет) стипендии на студенти од социјално загрозени семејства и 5 (пет) стипендии на студенти запишани на факултети за медицински науки во Република Македонија.

Стипендиите се доделуваат за 10 (десет) месеци во текот на една студиска година година.

Износот на стипендијата не може да биде понизок од 2.500,00 денари месечно.

Правилникот за доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани бр.09-2252/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017 ), Правилникот за изменување и дополнување на Правилник за доделување на стипендии на студенти жители на општина Кочани бр.09-276/1 од 24.01.2018 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.1/2018) со кој се утврдуваат условите, критериумите и постапката за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани е објавен на веб страната на Општина Кочани:  www.kocani.gov.mk .