ВИД  НА УСЛУГАТА

Доделување на парична награда на најуспешен земјоделец – производител на ориз во ошпштина Кочани во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

  1. Пријава на кандидатот (образецот на пријавата се подигнува од Едношалтерска канцеларија),
  2. Други документи (наведени во образецот на пријавата) со кои се докажува исполнувањето на критериумите утврдени од Организациониот одбор формиран од Градоначалникот за организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ во општина Кочани .

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

/

ПРИЕМ НА ПРИЈАВАТА

Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани

МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Одделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот

РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА

15 дена (ЗОУП)

ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТ

Наградата за избор на најуспешен земјоделец- производител на ориз  на општина Кочани ја доделува Градоначалникот на Општина Кочани на предлог на организациониот одбор, а согласно изготвена ранг листа од стручна комисија врз основа на критериумите за избор на најуспешен земјоделец – производител на ориз на општина Кочани, за што донесува одлука.

Износот на паричната награда го определува Градоначалникот на Општина Кочани со посебна одлука и  не  е поголем од 80.000,00 денари.

 РОК НА ПРИГОВОР

Незадоволните кандидати против Одлуката на Градоначалникот за доделување на награда за избор на најуспешен земјоделец – производител на ориз  на општина Кочани имаат право на приговор, во рок од 3 дена од приемот на одлуката, само по однос на извршеното бодување и изготвената ранг листа на прифатливи кандидати.

 ЗАКОНСКИ ОСНОВ

Закон за локалната самоуправа.

Закон за културата.

Правилник за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“  во општина Кочани бр.09-2249/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017).

ЗАБЕЛЕШКА

Правилникот за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“  во општина Кочани бр.09-2249/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017) со кој подетално се пропишуваат поблиските услови за начинот на организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ во општина Кочани, начинот на формирање на организационен одбор за организирање на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ во општина Кочани, начинот и условите за доделување на награда за избор на најуспешен земјоделец –производител на ориз на општина Кочани, начинот на доделување на други пригодни награди и подароци во рамки на манифестацијата, начинот на избор на жетварска убавица на општина Кочани, вклученоста на општинската администрација во организирањето на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ во општина Кочани и организирањето на културни настани во рамки на манифестацијата е објавен на веб страната на Општина Кочани:  www.kocani.gov.mk.