Во организација на Сојузот на училишен спорт – Кочани, а под покровителство на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на 28 април на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани се одржa Пролетниот крос 2016.

На традиционалната манифестација учествуваа околу 800 ученици од основните и средните училишта во Кочани.

Во трката на првоодделенците и второодделенците, на 60 м, победија Дарио Петков и Валерија Миладинова од ОУ „Малина Попиванова“; од третите и четвртите одделенија најбрзи беа учениците Александар Андов од ОУ „Малина Попиванова“ и Тијана Атанасова од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а од петтоодделенците и шестоодделенците први на целта стигнаа Ѓорѓи Петров од ОУ „Никола Карев“ и Сандра Карова од „Малина Попиванова“.

Давид Ефтимов од ОУ „Крсте Мисирков“ и Ивана Енговска од ОУ „Малина Попиванова“ победија во трките за седмо и осмо одделение, а од деветтоодделенците кои трчаа на 400 м, најуспешни беа Иван Јангелов од „Св. Кирил и Методиј“ и Ана Ѓорѓиева од „Никола Карев“.

Од средношколците први на целта стигнаа: Владимир Јанев (I година СОУ „Љупчо Сантов“), Анастасија Николова (I година СОУ „Љупчо Сантов“), Никола Коцев (II год. СОУ „Гошо Викентиев“), Марина Панова (СОУ „Љупчо Сантов“), Бојан Ивановски (III год. СОУ „Гошо Викентиев“), Ана Марија Илиева (III год. СОУ „Гошо Викентиев“), Ивица Илиевски и Нина Николова (IV год. СОУ „Гошо Викентиев“).