В петок и сабота, на 6 и 7 мај, во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“, во Оризари ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.

Фестивалот ќе започне в петок во 18 ч. со дефиле на учесниците, фолклорните ансамбли: „Јане Сандански“ од Пехчево, „Кавалџии“ од с. Штука, Босилево, „Бучим“ од Радовиш, „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, „Медвеѓа“ од Трстеник, Р. Србија и „Младост“ од Босилеград, Р. Србија.

Презентацијата на традиционалните ѓурѓовденски обичаи, биењето млеко, подготовката на масло, ѓурѓовденскиот зелник е в сабота во 16.30 ч. во Домот на културата во Оризари, а традиционалните ѓурѓовденски игри ќе се прикажат на кејот на реката Масалница.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Кочани и од бизнис-секторот од Кочани и од Оризари.