ПОКАНА ЗА
презентација на инструментот за поддршка Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
на Фондот за иновации и технолошки развој

Почитувани,

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве покануваат на презентација за условите за аплицирање
на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на поддршката е претпријатијата и приватни заравствени установи (ПЗУ) да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за микро, мали и средни компании и ПЗУ и тоа :
 до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 2,5 милони денари за микро
претпријатија
 до 70% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 5 милиони за мали
претпријатија
 до 60% од вкупниот буџет на проект но не повеќе од 10 милиони денари за средните
компании

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:
https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/

Инфо сесијата ќе се одржи на 03-ти март (среда) 2021 година од 11:00-12:00ч преку апликацијата ЗООМ на следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/85406052233
Meeting ID: 854 0605 2233
Passcode: 502487

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следнава е-пошта: bc.ipr@eastregion.mk најдоцна до 26.02.2021 година.

Со почит,
Центар за развој на Источен плански регион

ПОКАНА

АГЕНДА