Градоначалникот на Општина Кочани согласно  член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ја издава следната:

О Б Ј А В А

на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Кочани доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.22-184 од 02.10.2023 година.

Подносител на барањето:

КАЛИНА“ ДООЕЛ Оризари

  Подружница 1 Оризари – Кочани

Адреса на локацијата:  ул. „29 ноември” бр.48

Оризари, 2300 Кочани

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2, Индустрија за минерали

Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање  на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од оваа Уредба

Точка 3.3  Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m3.

Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:

Општина Кочани

Ул.„Раде Кратовче“  бр.1

Секој работен ден во работно време

Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунални работи

Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.kocani.gov.mk  на Општина Кочани.

Општина Кочани

 Градоначалник Љупчо Папазов

 

Б – Интегрирана еколошка дозвола