Со 30-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, се продадоа три од понудените 12 градежни парцели.

Од парцелите за индивидуално домување се отуѓени две, кои се наоѓаат на улицата „Ѓорче Петров“, со површини од 419 и 423 м2.

Третата отуѓена градежна парцела е со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи, која се наоѓа во месноста Ќерамидница и е со површина од 9847 м2.

Постигнатата цена на електронската аукција за сите градежни парцели е 71 денар за метар квадратен. Со ова е остварен приход од 758.919 денари, од кои 80 проценти се за Буџетот на Општина Кочани.