Новогодишниот концерт е најмасовен музички настан што веќе втора деценија му дава посебно обележје на Кочани и ги пренесува детските пораки и желби за Новата година.

На Новогодишниот концерт настапуваат повеќе од двесте сегашни и поранешни ученици од Основното музчко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, организирани во детски и малдински хор, камерен оркестар и електричен бенд, под диригенство на м-р Марија Лазарова.

Концертот е поддржан од Општина Кочани и од повеќе приватни кочански компании.