В четврток, на 2 ноември, со почеток во 10 ч., ќе се одржи првата, конститутивна седница на Советот на Општина Кочани, на која ќе бидат верифицирани мандатите на деветнаесетте членови.

Веднаш по конститутивната седница, во 11 ч. ќе се одржи и втората седница на која ќе се избере претседател на Советот и се очекува да се формираат единаесет комисии како тела на Советот.

На дневен ред на втората седница се наоѓа и Предлог-решението за определување членови на Советот коишто ќе учествуваат при склучување бракови.